ШВЕДСКА ОТКРИЛА УШТЕ ЕДНО ИСТЕКУВАЊЕ ОД ГАСОВОДОТ СЕВЕРЕН ТЕК

    ШВЕДСКА ОТКРИЛА УШТЕ ЕДНО ИСТЕКУВАЊЕ ОД ГАСОВОДОТ СЕВЕРЕН ТЕКШведска и Данска веруваат дека станува збор за намерни напади (Фото: АП)

    Шведска открила уште едно, четврто истекување од подводниот гасовод со кој се испорачува рускиот гас во Европска Унија.

    Ова следува два дена откако на гасоводите Северен тек 1 и 2 беа пронајдени три места од кои што истекува гасот во Балтичкото Море. Шведска и Данска, во чии ексклузивни економски зони се случија инцидентите, веруваат дека станува збор за намерни напади, а и ЕУ ги опиша како саботажа, но не ја обвини Русија.

    Русија ги отфрли сомнежите дека го нападнала сопствениот гасовод и кажа дека експлозиите се случиле во „зони контролирани од американското разузнавање“.

    Шведската крајбрежна стража соопшти дека четвртото истекување е пронајдено на Северен тек 2, многу блиску до големото истекување од Северен тек 1. Шведската премиерка Магдалена Андерсон претходно кажа дека било потребно големо количество експлозив за да се предизвика ваква штета.

    „Очигледно е кој стои зад оштетувањата“, изјави шефот на Меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол, без да појасни.

    Норвешка вчера кажа дека ќе распореди војска за да ги заштити своите инсталации за гас и нафта.

    Двата гасовода моментално не се во функција и не испорачуваат гас од Русија до Европа, но содржат гас под притисок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира