И ТРИВИЌ И ДОДИК ПРОГЛАСИЈА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА, ПОРАЗ НА ИЗЕТБЕГОВИЌ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА БИХ

    И ТРИВИЌ И ДОДИК ПРОГЛАСИЈА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА, ПОРАЗ НА ИЗЕТБЕГОВИЌ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА БИХПоловина час по полноќ, Тривиќ објави дека има недостижна предност во однос на Додик (Фото: Н1)

    Јелена Тривиќ од Партијата на демократски прогрес (ПДП) прогласи победа над Милорад Додик на изборите за претседател на Република Српска, додека друг националистички лидер Бакир Изетбеговиќ го изгуби местото во тричленото претседателство на БиХ.

    Реформистите кои водеа кампања против корупцијата и клиентелизмот во администрацијата остварија добри резултати на вчерашните избори во БиХ, со надеж дека тоа ќе ја однесе земјата во нова насока, 27 години по завршувањето на крвавата војна.

    Половина час по полноќ, Тривиќ објави дека има недостижна предност во однос на Додик, кој и самиот прогласи победа два часа подоцна. Додик утрово кажа дека има 30.000 гласови повеќе од Тривиќ.

    Сега можеме да кажеме дека јас победив на овие избори, на кои Република Српска положи сериозен демократски испит“, изјави Додик.

    Според нецелосните и неофицијални резултати, идните членови на претседателството на БиХ ќе бидат Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ, која доаѓа од редовите на партијата на Додик, Сојуз на независни социјалдемократи, додека останува неизвесно кој ќе го претставува хрватскиот народ, Жељко Комшиќ или Борјана Кришто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира