Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски прогласи победа на изборите во обраќањето во седиштето на владејачката партија.
„ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори. Ова е десетта победа по ред. Сега следува процес на формирање коалиции и период на завршување на кризата“, изјави Груевски.
Поранешниот премиер рече дека на овие избори имале исклучително тежок противник, бидејќи, како што кажа, тоа не бил само СДСМ.