Белорускиот претседател Александар Лукашенко го забрани растот на потрошувачките цени како одговор на преголемата инфлација во земјата.
„Од денеска, сите поскапувања се забранети. Забранети!“, рекол Лукашенко на состанокот со владините министри.
„Тоа почнува денеска. Не од утре, туку од денеска, за да се спречи цените да растат во текот на денот“.
Тој истакнал дека порастот на цените е срамен и дека се зголемени за 18% во споредба со минатата година.
„Месото и млечните производи стануваат прескапи. Во Минск има недостиг на јајца. До следната година стапката на инфлацијата мора да се намали на 7-8%“, наредил Лукашенко.
Како сојузник на Русија, Белорусија исто така е погодена од западните санкции.