НАЈМАЛКУ 17 ЗАГИНАТИ ВО БОМБАРДИРАЊЕ НА ЗГРАДА ВО ЗАПОРОЖЈЕ

    НАЈМАЛКУ 17 ЗАГИНАТИ ВО БОМБАРДИРАЊЕ НА ЗГРАДА ВО ЗАПОРОЖЈЕГрадот Запорожје се наоѓа на 125 километри од истоимената нуклеарна централа, која што од почетокот на војната е под контрола на Русија. (Фото: Украинска влада)

    Во бомбардирање на југоисточниот украински град Запорожје загинаа најмалку 17 луѓе, соопштија градските власти.

    Антон Герашенко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленки, исто така кажа дека според првичните информации, загинати се 17 лица, а повредени се 40 во напад на станбена зграда.

    „Русите не можат да одговорат на военото поле и затоа удираат по градови далеку од фронтот“, кажа Герашенко.

    Градот се наоѓа на 125 километри од истоимената нуклеарна централа, која што од почетокот на војната е под контрола на Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира