Славниот англиски уметник Демиен Хрст почна да пали свои слики откако продаде серија незаменливи токени (НФТ). Тој им кажа на купувачите на слики од неговата последна колекција да изберат помеѓу физичко дело или нивна дигитална верзија. Ако се решат за НФТ, соодветната физичка слика ќе биде запалена.
Запрашан како се чувствува што ги пали своите слики, Хрст одговори:
„Добро, подобро одошто очекував“.
Се проценува дека вкупната вредност на запалените дела ќе биде десетина милиони фунти.
Хрст ја лансираше својата прва НФТ колекција минатата година, која се состоеше од 10.000 парчиња. Лондонската галерија „Њупорт стрит“ соопшти дека 5.149 купувачи се решиле за физичко дело, а 4.851 избрале НФТ.