Кралот и кралицата на Холандија открија дека нивната 18-годишната ќерка Амалија веќе не може слободно да се движи надвор поради страв од напад или киднапирање. Принцезата Амалија се иселила од студентското сместување во Амстердам и се вратила дома во Хаг.
„За неа нема студентски живот каков што имаат други“, кажа кралицата Максима.
Името на Амалија и на премиерот Марк Руте се појавило во комуникациите на организираниот криминал, што навестило дека би можеле да бидат мета на напад.
Минатиот месец, холандското кралско семејство објави фотографии од насмеаната Амалија на првиот ден од студирањето на Универзитетот во Амстердам. Таа притоа се пресели во групен студентски дом.
Амалија во декември ќе наполни 19 години и многумина во Холандија ја сметаат за приземна членка на кралското семејство. Нејзините родители се надеваат дека засилените безбедносни мерки се само привремени.