ЛИЗ ТРАС ПОД ПРИТИСОК ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА САМО ЕДЕН МЕСЕЦ ОТКАКО СТАНА ПРЕМИЕРКА

    ЛИЗ ТРАС ПОД ПРИТИСОК ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА САМО ЕДЕН МЕСЕЦ ОТКАКО СТАНА ПРЕМИЕРКАТрас предизвика потрес на финансискиот пазар со својот економски пакет (Фото: АП)

    Високи конзервативни функционери оваа недела ќе одржат разговори за „спасувачка мисија“, што би можело да резултира со отстранувањето на Лиз Трас од лидерската позиција откако новиот британски министер за финансии Џереми Хант драматично отфрли дел од нејзиниот екомомски пакет и најави нова ера на штедење.

    Британските медиуми пишуваат дека група пратеници утре ќе се сретне за да дискутира за иднината на Трас, која стана премиерка пред само еден месец. Дел од нив сакаат Трас да поднесе оставка во следните денови, а други велат дека „таа е на функција, но нема контрола“.

    Трас во петокот го отпушти министерот за финансии Кваси Квартенг и се откажа од делови од својот економски пакет откако тој предизвика потрес на финансискиот пазар, вклучувајќи нагли пад на вредноста на фунтата. Мерките беа критикувани и од американскиот претседател Џо Бајден, кој ги опиша како грешка.

    Некои конзервативни пратеници се заканиле дека јавно ќе ја повикаат Трас да поднесе оставка, а таа почнала да губи поддршка и во сопствениот кабинет.

    Новиот министер Хант вчера кажа дека некои даноци ќе се зголемат и дека се потребни тешки одлуки за штедење, додавајќи дека Трас направила грешки. Првичниот план на Трас предвидуваше укинување на највисоката даночна стапка во Британија од 45%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира