НАУЧНИЦИТЕ ЈА РЕШИЈА МИСТЕРИЈАТА НА МИГРАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ЈАГУЛИ И ДОКАЖАА ДЕКА ПЛИВААТ ДО САРГАСОВО МОРЕ

    НАУЧНИЦИТЕ ЈА РЕШИЈА МИСТЕРИЈАТА НА МИГРАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ЈАГУЛИ И ДОКАЖАА ДЕКА ПЛИВААТ ДО САРГАСОВО МОРЕНаучниците по сателитски пат следеле неколку означени животни до нивната крајна дестинација

    Научниците велат дека ја разоткриле мистеријата на едно од најневеројатните патувања во природата.

    Секоја година, јагулите ги напуштаат европските реки и мигрираат кон Саргасово Море во Северен Атлантик за да се размножуваат еден единствен пат пред да умрат. Ваков е случајот и со охридските јагули, кои мигрираат преку Црн Дрим.

    Научниците сега имаат и директен доказ дека јагулите мигрираат во Саргасово Море, откако по сателитски пат следеле неколку означени животни до нивната крајна дестинација.

    Ова е првпат да следиме возрасни европски јагули до Саргасово Море и среќни сме што сега имаме директен доказ за тоа. Нивното патување ќе даде досега невидени информации за миграцијата на јагулите“, изјави Рос Рајт од Агенцијата за животна средина, која го водеше истражувањето.

    Јагулите пристигнуваат околу европскиот брег како ситни, кревки и проѕирни животинки, откако патувале преку Атлантикот две-три години. Тие се приспособуваат на слатката вода, созреваат во реки и достигнуваат големина од над еден метар, пред да се упатат на епско патување назад заради размножување.

    Досега беше многу тешко да се проучи нивната миграција преку океанот и научниците најчесто ја губеле трагата кај Азорските Острови. Тие сега означиле возрасни јагули кај Азорските Острови, докажувајќи дека можат да пливаат сè до Саргасово Море, што само се претпоставуваше во изминатите 100 години.

    Досега знаевме дека можат да стигнат до Азорските Острови, но сè оттаму беше неоткриена територија“, додаде Рајт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира