На Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје во тек е недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза, во чест на 18 октомври – Светскиот ден на менопаузата. Целта на овој ден, како што велат од ГАК, е да се подигне свеста за оваа фаза од животот и да се промовира одржување на женското здравје и благосостојба.
До петок, 21 октомври, од 14 до 20 часот, ќе прегледуваат: вторник (18.10) – доц. д-р Анета Сима, среда (19.10) – асс. д-р Димитар Калчовски, четврток (20.10) – асс. д-р Наташа Илиева
и во петок (21.10) – асс. д-р Ева Созовска-Белчовска.
„Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај пациентките, да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат совет и да се насочат кон дополнителни иследувања, терапија и слично“, велат од ГАК.