ТУРИСТИЧКИОТ СЕКТОР ЗНАЕ ШТО Е КРИЗА, ЌЕ БАРАМЕ ПОМОШ ОД ВЛАДАТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ

    ТУРИСТИЧКИОТ СЕКТОР ЗНАЕ ШТО Е КРИЗА, ЌЕ БАРАМЕ ПОМОШ ОД ВЛАДАТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТТуристичскиот секотр очекува поевтина струја, вели директорт Јанески. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јанески не очекува голема бројка на хотелските капацитети кои ќе затворат во зимските месеци поради економската криза, но  се случи вели дека тоа ќе се одрази на имиџот на дестинацијата.

    „Очекувам цените да се ревидирани според трошоците кои што се, бидејќи во овој случај веќе и фиксните трошоци се зголемени и очекувам аранжманите да бидат корегирани толку колку што се зголемени одредни цени. Ако имаме зголемување на цените до 20, 30 проценти очекувам и аранжманите да бидат нивелирани или зголемени за одреден процент“, рече Јанески на работилница од ИПА 2 проектот во рамките на Интеррег ИПА ЦБЦ програмата за меѓународна соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014 -2022“ во Струга.

    Јанески вели дека туристичкиот сектор знае што е криза посебно за време на пандемијата изминативе три години и очекува одредени олеснувања и поевтина електрична енергија за секторот.

    „Дополнително, очекувам бизнисот реално да даде потреба и мерки кои ние ќе ги проследиме преку Советот и Агенцијата до самата Влада што веќе во одреден сегмент е направено и се надевам дека многу брзо, за неколку дена повторно да имаме состанок во Агенцијата за туризмот каде дополнително ќе дадеме предлози до Владата како може реално да се помогне во туристичката индустрија. Ќе треба подобро да мериме и да ги гледаме ефектите од мерките кои досега се дадени, со цел да излеземе со реалните потреби на туристичката индустрија и воопшто бизнисот во нашата земја“, вели Јаневски.

    Според проф. д-р Науме Мариноски, енергетската криза дополнително ќе ги погоди хотелиерите и угостителските работници воопшто па, како што вели, мора приоритетно да се интервенира во овој сектор. Вели дека анализите и параметрите укажуваат на тоа дека во вакви услови би морало да се води сметка за посетителите односно тие кои резервирале сместување во хотелските и другите угостителски капацитети.

    „Засега е многу проблематично бидејќи имавме криза за криза и тоа прилично го уништи целиот овој сектор. Мора да се сфати ова сериозно бидејќи ќе ја испуштиме шансата да им помогнеме на овие деловни субјекти, после многу потешко ќе може да се ревитализираме. Погубно е не само од гледа точка на тоа дека хотелиерите тешко ќе можат да ги рестартираат своите капацитети, туку затоа што ќе ја изгубиме туристичката клиентела и ќе имаме максимална оттуѓеност на секторот со заинтересираните страни“, вели проф. д-р Мариноски.

    Учесниците на работилницата потенцираа дека на туристичкиот и угостителскиот сектор им е потребна помош за излез од енергетската криза и очекуваат Владата што поскоро да донесе сет мерки согласно реалните потреби.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира