АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ЌЕ ЈА ГЛУМИ МАРИЈА КАЛАС ВО ФИЛМ НА ЛАРАИН

    АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ЌЕ ЈА ГЛУМИ МАРИЈА КАЛАС ВО ФИЛМ НА ЛАРАИН„Чувствувам голема одговорност за животот и творештвото на Марија“, изјави Џоли за новата улога. (Фото: НМЕ)

    По „Џеки“за Жаклина Кенеди и „Спенсер“ за принцезата Дијана, режисерот Пабло Лараин се осврнува на животот на оперската дива Марија Калас. За улогата на една од најпознатите жени во современата историја, чилеанскиот режисер ја одбра оскаровката Анџелина Џоли.

    „Марија“ е базиран на вистински настани и се најавува дека „ќе ја оживее бурната, прекрасна и тажна приказна“ за животот на една од најпознатите светски оперски пејачи, за време на нејзините последни денови од животот во 1970-те во Париз. Легендарниот композитор Леонард Бернштајн ја нарекол „Библија на операта“. Моќната грчка пејачка, родена во Америка, е поврзана и со еден од претходните филмови на Лараин, бидејќи била во врска со грчкиот тајкун Аристотел Оназис, кој се ожени со Џеки Кенеди, по смртта на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди.

    Сценариото го напиша Стивен Најт, авторот на „Бандите од Бирмингем“.

    „Чувствувам голема одговорност за животот и творештвото на Марија. Ќе дадам сѐ од себе да се соочам со овој предизвик“, изјави Џоли, а Лараин додава: „Ми се исполни долгогодишен сон со тоа што можам да ги комбинирам моите две страсти: филмот и операта. Плус, и да го работам ова со Анџелина, храбра и љубопитна уметница, е прекрасна можност. Вистински подарок“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира