РУСИЈА ОСТАНУВА НА ТВРДЕЊЕТО ДЕКА УКРАИНА ПЛАНИРА ДА УПОТРЕБИ ВАЛКАНА БОМБА, ОРУЖЈЕ ШТО ЛЕСНО СЕ ПРАВИ И ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ШИРИ ПАНИКА

    РУСИЈА ОСТАНУВА НА ТВРДЕЊЕТО ДЕКА УКРАИНА ПЛАНИРА ДА УПОТРЕБИ ВАЛКАНА БОМБА, ОРУЖЈЕ ШТО ЛЕСНО СЕ ПРАВИ И ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ШИРИ ПАНИКАЗа руските обвинувања вечерва ќе дискутира и Советот за безбедност на ОН (Фото: Гети)

    Русија останува на своето тврдење дека Украина се подготвува да употреби таканаречена валкана бомба, експлозивен уред засилен со радиоактивни материјали и планира вечерва да го изнесе овој случај во Советот за безбедност на ОН. Ова не е прво неосновано обвинување на Русија од почетокот на војната и западот смета дека таа само бара изговор за нова ескалација.

    Русија досега не понуди ниеден доказ дека Украина поседува ваква бомба, но шефот на руските трупи за одбрана од хемиско, биолошко и атомско оружје, генералот Игор Кирилов, изјави дека работата на украински организации е во завршна фаза.

    Украина се подготвува да детонира уред за да ја обвини Москва за користење оружје за масовно уништување“, изјави Кирилов.

    САД, Велика Британија и Франција во заедничка изјава ги опишаа овие руски обвинувања како очигледно лажни.

    Ова потсетува на деновите пред почетокот на инвазијата, кога Русија постојано ги обвинуваше САД дека развиваат биолошки оружја за Украина, за што не даде ниеден доказ.

    Валкани бомби, кои се мешавина од конвенционални експлозиви и радиоактивни материјали, се релативно лесни и евтини за изработка. Нивната главна цел е ширење паника, иако досега не се забележани успешни напади. Имајќи предвид дека може да се искористи каков било радиоактивен материјал, дури и оној од болници и истражувачки лаборатории, долго време се стравуваше дека терористички групи би можеле да се обидат да ги направат и употребат.

    Украинската компанија за атомска енергија „Енергоатом“ соопшти дека руските сили вршат тајни работи во нуклеарната централа Запорожје, што се поврзува со руските тврдења дека Украина подготвува провокација со радиоактивен уред.

    Претпоставуваме дека Русите подготвуваат терористички чин со користење на нуклеарни материјали и радиоактивен отпад складирани во централата“, кажаа од „Енергоатом“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира