НА ПЛАНИНАТА ДАУТИЦА ПОСТАВЕНИ ПАТОКАЗИ КОИ СЕ САМОРЕФЛЕКТИРАЧКИ И ОВОЗМОЖУВААТ НОЌНО ДВИЖЕЊЕ

    НА ПЛАНИНАТА ДАУТИЦА ПОСТАВЕНИ ПАТОКАЗИ КОИ СЕ САМОРЕФЛЕКТИРАЧКИ И ОВОЗМОЖУВААТ НОЌНО ДВИЖЕЊЕПатоказите се поставени на најважните раскрсни точки од патеката на планината Даутица. (Фото: СДК.МК)

    Волонтери на ЕГ „Грин Пауер“ поставија десет нови патокази со саморефлектирачка хартија за ноќни услови на патеката на планината Даутица. Патеката е кружна, од село Папрадиште до месноста Куртовица и кон врв Даутица и Солунска Глава.

    Патоказите се поставени на најважните раскрсни точки од патеката на планината Даутица.

    „За прв пат во Македонија поставивме маркации со флуоресцентно платно со портокалова и жолта боја за дневни и ноќни услови чие времетраење е од 7 до 10 години под секакви временски услови. Изработени од саморефлектирачка хартија која при било каква светлост, блеска и рефлектира при ноќно движење“, кажа Игор Смилев од ЕГ „Зелена сила“.

    Сите патокази биле обезбедени од сопствени средства на ЕГ Грин Пауер.

    Во следниот период членовите на ова граѓанска организација, ќе ги постават преостанатите десет патокази, заедно со фосфорни и платнени маркации. Со тоа овој регион и Општина Чашка ќе добијат најмодерна и најбезбедна планинарска сигнализација во Македонија.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира