РУСИЈА ПОВТОРНО РАКЕТИРАШЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ НИЗ УКРАИНА, ВО КИЕВ НАЈМАЛКУ ТРИ ЕКСПЛОЗИИ

    РУСИЈА ПОВТОРНО РАКЕТИРАШЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ НИЗ УКРАИНА, ВО КИЕВ НАЈМАЛКУ ТРИ ЕКСПЛОЗИИВо повеќе градови снема струја по последните напади (Фото: ЕПА)

    Русија лансираше масивен ракетен напад на Украина, меѓу кои и Киев, предизвикувајќи прекини во снабдувањето со струја и вода, објавија украинските власти. Советникот на претседателот Зеленски, Антон Герашченко, изјави дека во Киев се слушнале најмалку три експлозии, додека Русите испукале 40-ина крстосувачки ракети кон земјата.

    Русија користеше стратешки бомбардери за да го изведе нападот“, изјави портпаролот на украинските воздушни сили Јури Ихнат.

    Новите ракетни напади следуваат два дена откако Русија ја обвини Украина дека со 16 дронови ја нападнала нејзината црноморска флота на Крим. Москва потврди дека во овој напад бил оштетен еден руски брод во пристанишниот град Севастопол и ги обвини британските експерти дека им помогнале на Украинците.

    Покрај Киев, каде што е ракетиран енергетски објект кој опслужува 350.000 домаќинства, утрово се регистрирани експлозии и во Харкив, Виница, Днепар, Запорожје и Лвов, каде што исто така била погодена клучна инфраструктура. Засега нема информации за жртви. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира