РУСКАТА ПЛАТЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА „ВАГНЕР“ ГО ОТВОРИ СВОЕТО ПРВО СЕДИШТЕ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ

    РУСКАТА ПЛАТЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА „ВАГНЕР“ ГО ОТВОРИ СВОЕТО ПРВО СЕДИШТЕ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ„Вагнер центарот“ е замислен и како центар за иновации (Фото: ТАСС)

    До неодамна тајната руска паравоена организација „Вагнер“, со која раководи Евгени Пригожин, го отвори своето прво официјално седиште во Санкт Петербург, замислено не само како нејзина административна зграда, туку и како центар за иновации. Отворањето на „Вагнер центарот“ се сфаќа како уште еден чекор на Пригожин за преземање поголеми воени ингеренции и појавна улога во обликувањето на руската одбранбена политика.

    Пригожин дури пред неколку недели призна дека ја основал групата во 2014 година за да ја помогне борбата на проруските сепаратисти во источна Украина. Оттогаш, платениците на „Вагнер“ учествуваа во конфликтите во Сирија, Либија, Централноафриканска Република, Судан, Мозамбик и Мали, што често беше проследено со обвинувања за воени злосторства и кршење на човекови права.

    Борците на ‘Вагнер‘ ги остваруваат нивните цели на бојното поле, а ние ќе ги остваруваме нашите цели овдека. За жал, воените конфликти секогаш биле водечка сила зад технолошкиот напредок. Ако проектот биде успешен, ќе отвориме уште подружници“, изјави Пригожин.

    Тој покани стартапи од областа на информатичка и индустриска технологија да се придружат на центарот за заедно да развиваат нови идеи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира