На безмалку месец и половина пред крај на првото поолугодие од учебната година 2022/2023, учениците од прво, второ, четврто и петто одделение ќе ги добијат учебниците за наставните предмети.
Министерството за обраозвание и наука (МОН) денеска соопшти дека оваа и следната недела ќе се печатат и испорачаат новите учебници. Учениците од овие одделенија во основните училишта од 1 септември учат од работни материјали.
„Станува збор за над 20 учебници за кои нема жалбени постапки, по наставни предмети во прво, второ, четврто и петто одделение и тоа на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата, односно на македонски, албански, турски, српски и босански јазик. Потсетуваме дека нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование“, велат од МОН.