ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАГИНА ЗАМЕНИК-ШЕФОТ НА ОКУПИРАНИОТ УКРАИНСКИ РЕГИОН ХЕРСОН, КИРИЛ СТРЕМУСОВ

    ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАГИНА ЗАМЕНИК-ШЕФОТ НА ОКУПИРАНИОТ УКРАИНСКИ РЕГИОН ХЕРСОН, КИРИЛ СТРЕМУСОВСтремусов беше едно од најпознатите јавни лица на руската окупација на Украина (Фото: АФП)

    Кирил Стремусов, заменик-шефот на окупираниот украински регион Херсон, загина во сообраќајна несреќа, објавија руските медиуми.

    Стремусов беше едно од најпознатите јавни лица на руската окупација на Украина и речиси секојдневно ги пренесуваше своите агресивни изјави и ставови преку социјалните мрежи. Точните околности на неговата смрт не се познати, освен дека сообраќајката се случила близу градот Хеническ во регионот Херсон.

    Херсон е еден од четирите региони што Русија незаконски ги анектираше, но паралелно со тоа, украинските сили покренаа противофанзива на југот и му се доближија на градот.

    Стремусов (45) редовно објавуваше видеа на социјалните мрежи за ситуацијата во Херсон и токму тој пред неколку дена призна дека руските сили веројатно ќе се повлечат од западниот брег на Днепар, каде што се наоѓа и градот Херсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира