ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОСЕТИ ОСЛОБОДЕНИОТ ХЕРСОН МЕСЕЦ И ПОЛ ОТКАКО БЕШЕ АНЕКТИРАН ОД ПУТИН

    ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОСЕТИ ОСЛОБОДЕНИОТ ХЕРСОН МЕСЕЦ И ПОЛ ОТКАКО БЕШЕ АНЕКТИРАН ОД ПУТИНЗеленски зборуваше со војниците на централниот плоштад (Фото: АП)

    Володимир Зеленски го посети ослободениот Херсон само три дена откако украинските сили влегоа во градот по повлекувањето на Русите од западниот брег на Днепар. Тој зборуваше со војниците на централниот плоштад и им се заблагодари на НАТО и другите сојузници за нивната поддршка.

    „Украина оди напред. Ние сме подготвени за мир, мир во целата наша земја“, кажа Зеленски.

    Тој додаде дека добивањето на модерните ракетни системи ХИМАРС од САД направило голема разлика во војната.

    „Многу сум среќен. Се гледа дека реакциите на луѓето не се наместени. Тие ги чекаа нашите војници, сите нас“, кажа Зеленски.

    Запрашан каде следно би можеле да напредуваат украинските сили, тој одговори:

    „Не Москва. Ние не сме заинтересирани за територии на други држави“.

    Руските сили го освоија градот Херсон во почетокот на март без големи борби и ова е еден од четирите региони што Путин незаконски го анектираше пред месец и пол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира