КИЕВ И ЛВОВ БЕЗ СТРУЈА ПО НАЈГОЛЕМИОТ РУСКИ НАПАД НА УКРАИНСКИОТ ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ ДОСЕГА

    КИЕВ И ЛВОВ БЕЗ СТРУЈА ПО НАЈГОЛЕМИОТ РУСКИ НАПАД НА УКРАИНСКИОТ ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ ДОСЕГАСитуацијата низ земјата е критична откако руските ракети погодија бројни енергетски објекти (Фото: АП)

    Денешното ракетирање беше најголемиот руски напад на украинскиот енергетски систем од почетокот на војната, изјави министерот за енергетика Херман Халушченко.

    Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Русија попладнево испукала најмалку 85 проектили и ги предупреди жителите да останат во засолништата. Покрај Киев, каде што загина најмалку едно лице, беа ракетирани и други делови на земјата, како Миколаив, Чернихив, Харкив, Лвов, Одеса, Полтава и Днепар.

    Ситуацијата низ земјата е критична откако руските ракети погодија бројни енергетски објекти, предизвикувајќи вонредни редукции на струјата. Половина од Киев е во темница и ситуацијата е крајно тешка“, изјави заменик-шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Тимошенко.

    Градоначалникот на Лвов, Андриј Садови, изјави дека и 80% од овој град е без струја.

    Властите кажаа дека Украина моментално се соочува и со голем прекин во интернет сообраќајот, кој е сведен на 67% во однос на претходните нивоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира