РУСИЈА НЕГИРА ДЕКА ЈА РАКЕТИРАЛА ПОЛСКА, БЕЛАТА КУЌА ЗАСЕГА БЕЗ ПОТВРДА ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА РУСКИ ПРОЕКТИЛИ

    РУСИЈА НЕГИРА ДЕКА ЈА РАКЕТИРАЛА ПОЛСКА, БЕЛАТА КУЌА ЗАСЕГА БЕЗ ПОТВРДА ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА РУСКИ ПРОЕКТИЛИПолските медиуми објавија дека е погодено складиште со жито во селото Пжеводов (Фото: Фејсбук)

    Москва ги негираше наводите дека руски ракети погодиле село во Полска близу границата со Украина, при што загинаа две лица. Руското министерство за одбрана вели дека „ова е намерна провокација со цел ситуацијата да ескалира“.

    Никакви напади не беа изведени против мети близу украинско-полската граница. Деловите од проектил, кои наводно биле снимени од полски медиуми на местото на настанот, не одговараат на руското оружје“, кажаа од министерството.

    Два извора од американското разузнавање кажаа дека руски ракети паднале во Полска, околу 25 километри од границата со Украина. Полските медиуми објавија дека е погодено складиште со жито во селото Пжеводов. Инцидентот се случи во денот кога Русија испука најмалку 85 проектили кон Украина во најголемиот воздушен напад досега. Некои од нив го погодија Лвов, сместен помалку од 80 километри од Полска.

    Белата куќа и Пентагон кажаа дека засега не можат да ги потврдат информациите кои доаѓаат од Полска, додека Стејт департментот соопшти дека извештаите се „неверојатно загрижувачки“.

    Теророт не е ограничен само на нашите национални граници. Руски проектили ја погодија Полска, територија на НАТО. Ова е многу значајна ескалација и мора да дејствуваме“, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Покрај Полска, и унгарскиот премиер Виктор Орбан свика итен состанок на националниот Совет за безбедност, додека претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, порача дека секој сантиметар од територијата на НАТО мора да се брани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира