Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун се појави со ќерка си во јавност за првпат, потврдувајќи ги гласините за нејзиното постоење. Девојката, за која се верува дека се вика Ким Чу-ае, го придружуваше на инспекција на лансирање на балистичка ракета.
Многу малку се знае за приватниот живот на Ким Џонг-ун, кој води една од најтаинствените држави.
Државната новинска агенција КЦНА објави неколку фотографии од тестот на ракетата, и на две од нив двајцата се држат за раце.
Според Мајкл Маден, експерт за Северна Кореја од Стимсон центарот од Вашингтон, Чу-ае има околу 12-13 години.