НАШАТА ЦЕЛ НЕ Е ДА ЈА СОБОРИМЕ УКРАИНСКАТА ВЛАДА, ВЕЛИ КРЕМЉ

    НАШАТА ЦЕЛ НЕ Е ДА ЈА СОБОРИМЕ УКРАИНСКАТА ВЛАДА, ВЕЛИ КРЕМЉПутин во почетокот зборуваше дека сака да ја ослободи Украина од „неонацистичкиот режим“ (Фото: АФП)

    Русија нагласи дека нејзината цел не е соборување на украинската влада, што ѝ беше еден од главните мотиви за почнување на инвазијата пред речиси девет месеци.

    Запрашан дали една од целите на специјалната воена операција е промената на режимот во Киев, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, кажа:

    „Тоа не е намерата на специјалната воена операција. Претседателот веќе зборуваше за тоа“.

    Ова е спротивно на изјавите на Владимир Путин од почетокот на војната во февруари, кога го промовираше изразот „денацификација“ и зборуваше дека сака да ја ослободи Украина од „неонацистичкиот режим“. Повлекувањето на руската војска од околината на Киев во март беше првиот голем пораз за Путин, а Русија подоцна неколкупати ги менуваше целите на својата воена акција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира