ИСТРАЖУВАЊЕТО „СТУБРЕНД“ ПОКАЖА ДЕКА „АЛКАЛОИД“ И „ГУД НЕЈЧР“ СЕ ОМИЛЕНИ БРЕНДОВИ КАЈ СТУДЕНТИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИСТРАЖУВАЊЕТО „СТУБРЕНД“ ПОКАЖА ДЕКА „АЛКАЛОИД“ И „ГУД НЕЈЧР“ СЕ ОМИЛЕНИ БРЕНДОВИ КАЈ СТУДЕНТИТЕ

    „Алкалоид“ го доби признанието „СТУБРЕНД 2016“ за позитивен имиџ во категоријата фармација, додека брендот “Гуд Нејчр“ беше изгласан од студентите во категоријата чаеви на втората по ред церемонија во Македонија за најпопуларни брендови на меѓународната агенција за истражување и сертификација „СТУБРЕНД“. Брендот „Гуд Нејчр“ беше избран од студентите во категорија чаеви, во конкуренција на 405 останати брендови, класифицирани во 19 категории.

    Во годинешното истражување „СТУБРЕНД“ учествуваа 1.024 студенти од сите универзитети во Македонија, чии ставови беа мерени преку уникатна методологија, која од студентите бара во најбрз можен рок да ја искажат првичната и најбрза (импулсивно-емотивна) реакција поврзана со конкретниот бренд, со кликање на една од понудените опции: Сакам, Ми се допаѓа, Неутрален, Не сакам, Мразам и Не знам

    Покрај „Алкалоид“ и „Гуд Нејчр“, „СТУБРЕНД“ како прв официјален бренд посветен на промоција на најпопуларните брендови меѓу студентската популација, годинава сертифицираше уште 13 брендови. „СТУБРЕНД“ признанието се доделува на брендови кои имаат позитивен имиџ кај повеќе од 50% од испитаниците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира