ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ТРИ ОСНОВНИ ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ И ВО ЕДНО ВО КРИВА ПАЛАНКА

    ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ТРИ ОСНОВНИ ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ И ВО ЕДНО ВО КРИВА ПАЛАНКАОд МВР велат дека дојавите за бомби се лажни. (Фото: К. Попов)

    Утрово дојави за поставени бомби стигнале во три основни училишта во Скопје и во едно од Крива Паланка. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи направени се сите потребни проверки во училиштата во скопско и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

    Околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.

    Во тек се проверките во училиштето во Крива Паланка.

    Вчера за првпат покрај во средните училиште пријава за бомба стигна и во две основни школи, а по проверките се утврди дека се лажни. Денеска за прв пат дојава е регистрирана во друг град.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира