ЖЕЛКАТА ЏОНАТАН СО 190 ГОДИНИ Е НАЈСТАРОТО ЖИВОТНО НА ЗЕМЈАТА

    ЖЕЛКАТА ЏОНАТАН СО 190 ГОДИНИ Е НАЈСТАРОТО ЖИВОТНО НА ЗЕМЈАТАЖелката живее во куќата на гувернерот на Островот. (Фото: АФП)

    Островот Света Елена го слави роденденот на најсторото животно на земјата, џиновската сејшелска желка Џонатан, кој полни 190 години.

    Желката живее во куќата на гувернерот на Островот, и во чест на роденденот, куќата ќе биде отворена за посетители. Исто така, властите на островот, кој е британска територија, издадоа неколку поштенски марки.

    Иако нема вистински доказ за неговото раѓање, се верува дека Џонатан е роден околу 1832. Бил донесен од Сејшелите во 1882, како подарок за сер Вилијам Греј Вилсон, кој подоцна станал гувернер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира