Младен Чадиковски доби втор мандат за претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), одлучија новинарите на денешното редовно собрание.
Покрај Чадиковски, од ТВ24, за претседал на ЗНМ се кандидираа и Марјан Николовски од Сител и Фиљана Кока од Македонската радио-телевизија.
На првото броење на гласовите, Чадиковски освои 229 гласови, Николовски 85 и Кока 40, по што колегите му честитаа на Чадиковски. Според финалните резултати Чадиковски доби 275 гласови, Николовски 119 и Фиљана Кока 53, а неважечки биле 11 ливчиња.
Покрај за претседател, членовите на ЗНМ гласаа и за Управен и Надзорен одбор, како и за нов состав на Советот на честа.