РУСИЈА ЈА РАКЕТИРАШЕ УКРАИНА ПО ДЕНЕШНИТЕ НАПАДИ НА ДВА РУСКИ ВОЕНИ АЕРОДРОМА

    РУСИЈА ЈА РАКЕТИРАШЕ УКРАИНА ПО ДЕНЕШНИТЕ НАПАДИ НА ДВА РУСКИ ВОЕНИ АЕРОДРОМАЖители на Киев се кријат во подземната железница откако се огласија сирените за воздушна тревога (Фото: АП)

    Русија го изведе осмиот ракетен напад на Украина во изминатите осум недели, навестувајќи дека тоа било одмазда за денешниот напад на две руски воздушни бази. Министерството за одбрана кажа дека притоа биле соборени украински дронови. 

    Лансиравме напад на украинската воена и енергетска инфраструктура, и покрај обидите на киевскиот режим да ја наруши борбената дејност на руската авијација со долг дострел со терористички чин“, објави руското министерство за одбрана, додавајќи дека два авиона биле полесно оштетени. 

    Русија потврди дека тројца војници загинале кога експлодирала цистерна со гориво на аеродромот близу градот Рјазан, 240 километри југоисточно од Москва, а уште две лица биле повредени во експлозија во воздушната база Енгелс-2 во регионот Саратов. Двата аеродрома се наоѓаат стотици километри од украинската граница.

    Командата на украинските воздушни сили кажа дека собориле над 60 од 70-ина руски проектили испукани попладнево. По денешниот напад делови од Одеса останале без вода, а целиот северен регион Суми е без струја. Властите кажаа дека две лица загинале во јужниот регион Запорожје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира