НЕ Ѝ ПОМОГНАВМЕ НА УКРАИНА ДА НАПАЃА РУСКИ ВОЕНИ БАЗИ, ВЕЛИ БЛИНКЕН

    НЕ Ѝ ПОМОГНАВМЕ НА УКРАИНА ДА НАПАЃА РУСКИ ВОЕНИ БАЗИ, ВЕЛИ БЛИНКЕНСателитска снимка прикажува стратешки бомбардери на воениот аеродром во Саратов кој беше нападнат во понеделникот (Фото: Максар)

    Вашингтон ниту ја охрабрил, ниту ѝ овозможил на Украина да напаѓа цели во Русија, изјави државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Тој се огласи откако Москва ја обвини Украина дека со дронови нападнала три руски воени бази, од кои две се оддалечени стотици километри од границата.

    Украина не ја презеде одговорноста за овие напади.

    Русија се обидува да ја онеспособи цивилната инфраструктура која на луѓето им дава струја, вода и греење. Москва ја претвора зимата во оружје и тоа е целодневна реалност во Украина. Ние не ги охрабривме, ниту им овозможивме на Украинците да гаѓаат цели во Русија, но важно е да се сфати како живеат Украинците секој ден со руската агресија на нивната земја. Украина ја има опремата што ѝ е потребна да ги брани својата територија и својата слобода“, кажа Блинкен.

    Министерот за одбрана на САД, Лојд Остин, кажа дека нема да ги спречат Украинците да развиваат сопствени способности да изведуваат напади со долг дострел.

    Русија тврди дека Украина со дронови ги нападнала воените аеродроми во Рјазан, Саратов и Курск во изминатите два дена, додавајќи дека биле од советско време.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира