КОНДОМИТЕ ЌЕ БИДАТ БЕСПЛАТНИ ЗА ЛИЦАТА ОД 18 ДО 25 ГОДИНИ ВО ФРАНЦИЈА, КАЖА МАКРОН

    КОНДОМИТЕ ЌЕ БИДАТ БЕСПЛАТНИ ЗА ЛИЦАТА ОД 18 ДО 25 ГОДИНИ ВО ФРАНЦИЈА, КАЖА МАКРОНМерката има за цел да се намали бројот на несакани бремености меѓу младите (Фото: АП)

    Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека лицата од 18 до 25 години ќе добиваат бесплатни кондоми во аптеките, во обид да се намали бројот на несакани бремености меѓу младите.

    „Тоа е мала револуција за контрацепцијата“, кажа Макрон на дебата со млади луѓе во западна Франција.

    Овој потег следува откако владата почна да им нуди бесплатна контрола на раѓање на сите жени до 25 години, проширувајќи ја шемата која претходно беше наменета за девојчињата до 18 години, со цел да се обезбеди младите жени да не престанат да користат контрацепција зашто не можат да си ја дозволат.

    Парите за кондомите веќе се рефундираат преку националниот здравствен систем ако се препишани од лекар или акушерка, мерка која има за цел да го спречи ширењето на сидата и други сексуално преносливи болести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира