Грчката европратеничка Ева Каили, една од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент, синоќа беше приведена во Брисел на распит во врска со истрага за корупција поврзана со нелегално лобирање за Катар.
Извор на „Јуроњуз“ од Европскиот парламент велат дека нејзината канцеларија е запечатена од белгиската полиција, исто како и канцелариите на уште двајца белгиски европратеници, Марија Арена и Марк Тарабела.
Претходно вчера, белгиската полиција уапси уште четири лица во врска со истиот случај, а грчките медиуми објавија дека еден од уапсените е партнерот на Каили.
Грчката социјалистичка партија ПАСОК, чиј член е Каили, соопшти дека таа е исклучена од партијата.