Светскиот шампион Франција ја победи Англија во неизвесен натпревар на Светското првенство во Катар и ќе игра во полуфиналето против Мароко на 14 декември.
Играчот на Реал Мадрид Орелијан Чуамени го отвори резултатот во првото полувреме, а Хари Кејн израмни за Англија по паузата од пенал. Оливје Жиру беше стрелец на победоносниот гол за Франција во финишот.
Кејн потоа повторно имаше шанса да израмни од пенал, но шутираше над пречката.
Во другото полуфинале, на 13 декември, играат Аргентина и Хрватска.