ДЕСЕТ УЧИЛИШТА, МНР, „ИСТ ГЕЈТ“, ГТЦ И ЏЕВАХИР СИТИ ЕВАКУИРАНИ ПОРАДИ ЗАКАНА ЗА ПОДМЕТНАТА БОМБА

    ДЕСЕТ УЧИЛИШТА, МНР, „ИСТ ГЕЈТ“, ГТЦ И ЏЕВАХИР СИТИ ЕВАКУИРАНИ ПОРАДИ ЗАКАНА ЗА ПОДМЕТНАТА БОМБАМеѓу евакуираните објекти е и Министерството за надворешни работи. (Фото: СДК.МК)

    Девет скопски училишта и едно во Кавадарци, како и Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити и трговскиот центар „Ист гејт“ утрово добиле закана за поставена експлозивна направа, потврди Министерството за внатрешни работи.

    „Денеска околу 9:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити и ТЦ ‘Ист гејт‘ е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.

    Дојава за поставена бомба била испратена и во едно основно училиште во Кавадарци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира