НЕМА ДА ИМА БОЖИЌНО ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНА, ВЕЛИ РУСИЈА, ПРОДОЛЖУВААТ ЖЕСТОКИТЕ БОРБИ НА ИСТОКОТ И ЈУГОТ

    НЕМА ДА ИМА БОЖИЌНО ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНА, ВЕЛИ РУСИЈА, ПРОДОЛЖУВААТ ЖЕСТОКИТЕ БОРБИ НА ИСТОКОТ И ЈУГОТДвете страни моментално не се вклучени во никакви преговори (Фото: АП)

    Русија ја отфрли можноста за божиќно примирје во Украина по речиси десетмесечната војна и го одби повикот на Киев да почне да ја повлекува својата војска до Божиќ. Двете страни моментално не се вклучени во никакви преговори, додека борбите се разгорени на истокот и југот на Украина, без значително напредување.

    Нема мирување на линијата на фронтот. Руското гранатирање на градовите на истокот е такво што останаа само кратери и руини“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

    Запрашан дали Москва добила предлози за божиќно примирје, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, кажа:

    Досега не сме добиле таква понуда од никого. Не ни размислуваме за такво нешто“.

    Зеленски оваа недела кажа дека Русија би требала да почне да ги повлекува своите трупи до Божиќ, како чекор кон завршување на војната, но Москва го одби тоа.

    Гледајќи што се случува во воздух и на земја, тешко може да се заклучи дека војната ќе заврши до крајот на оваа година“, изјави советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Кирби.

    Од Вашингтон притоа доаѓаат најави дека ќе ја засилат украинската противвоздушна одбрана со напредниот ракетен систем „патриот“, за кој Кремљ кажа дека ќе биде легитимна цел на руските сили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира