ЌЕ СЕ ФОРМИРААТ МУЗЕЈ НА СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС, МУЗИЧКИ ТЕАТАР ВО ТЕТОВО И КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА БИТОЛА

    ЌЕ СЕ ФОРМИРААТ МУЗЕЈ НА СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС, МУЗИЧКИ ТЕАТАР ВО ТЕТОВО И КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА БИТОЛАМинистерството за култура е задолжено до Владата да достави одлуки за основање на трите институции. - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. (Фото: К. Попов)

    Ќе се формираат три нови национални установи од областа на културата, одлучи Владата на вчерашната седница, прифаќајќи го предлогот на Министерството за култура.

    Ќе се основа Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес во Смилево, кој денес функционира како депанданс на Завод и музеј – Битола, иако е оддалечен повеќе од триесет километри од матичната институција. Оваа институција е значајна, вели Владата, бидејќи во неа преку текстуални документи и фотографии е претставено значењето на Смилевскиот конгрес од 1903 година. На овој конгрес на Битолскиот револуционерен округ била донесена одлуката за Илинденското востание – на 2 август 1903 да се крене востание против Отоманската империја.

    Се основа и нова национална установа Музички театар во Тетово, чија основна дејност ќе биде изведба, промоција и афирмација на албанската класична, џез, вокална и вокално-инструментална музика, а програмските определби, вели Владата, ќе имаат рамноправен пристап кон сите граѓани.

    Ќе се основа и национална установа Камерен оркестар на Битола во Битола, што се очекува значително да ја зголеми културната понуда на целиот Пелагониски Плански Регион, опфаќајќи ги градовите Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Ресен.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира