До Министерството за внатрешни работи утринава од повеќе училишта во Скопје и во Куманово било пријавено дека добиле известувања оти имаат поставено бомби.
Во 10 училишта во Oпштина Куманово, од кои 9 основни и едно средно, утринава пристигнала закана за поставени бомби. Станува збор за основните општински улилишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Дерада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и средното општинско улилиште „Гоце Делчев“.
Вчера, закани за бомби стигнале на електронските адреси на 15 училишта во Скопје, а МВР по проверките утврди дека се лажни дојави.