„РОЊА, ЌЕРКАТА НА ОГРАБУВАЧОТ“ ПРЕМИЕРНО В ПОНЕДЕЛНИК ВО ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

    „РОЊА, ЌЕРКАТА НА ОГРАБУВАЧОТ“ ПРЕМИЕРНО В ПОНЕДЕЛНИК ВО ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИНаковски, Јанковска, Анчевски, Илиевска-Силјановска, Максимов, Милошевски и Димитрова во ТДМ. (Фото: СДК.МК)

    Чешкиот режисер Јакуб Максимов во Театарот за деца и младинци (ТДМ) во Скопје ја постави претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, чија премиера е на 26 декември во 19 часот. Максимов ја направи драматизацијата за текстот, работен според делото на светски познататата шведска авторка Астрид Линдгрен, која ја преведе драматургот Горјан Милошевски. Ова дело од писателката најпозната по „Пипи Долгиот Чорап“ за првпат се поставува во земјава.

    „’Роња’ од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција, па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители“, вели режисерот Максимов.

    Милошевски вели дека приказната е за две деца кои се од различни кланови на ограбувачи, и започнуваат една сосема поинаква авантура. Нивната приказна, вели тој, е приказна за пијателството и силна врска меѓу две чисти души.

    Директорката на ТДМ, Катарина Илиевска-Силјановска вели дека направиле куклено-материјална претстава, наменета за деца над 6-годишна возраст, особено за деца околу 10 години.

    Играат Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов. Актерите велат дека било голем предизвик да се направи оваа претстава со многу ликови, и дека тие со сите средства на сцената, и со разни материјали и ја создаваат музиката на претставата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира