ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО УКРАИНСКИ НАПАД НА РУСКА ВОЗДУШНА БАЗА ОДДАЛЕЧЕНА 500 КМ ОД ГРАНИЦАТА

    ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО УКРАИНСКИ НАПАД НА РУСКА ВОЗДУШНА БАЗА ОДДАЛЕЧЕНА 500 КМ ОД ГРАНИЦАТАРусија ја користи воздушната база Енгелс за да изведува ракетни напади на Украина (Фото: Максар)

    Москва потврди дека украински дрон нападнал воена база длабоко на руската територија, при што загинале тројца војници. Противвоздушната одбрана го соборила дронот, но паднатите остатоци убиле тројца војници во базата Енгелс во јужна Русија, каде што се стационирани стратешки бомбардери.

    Русија ја обвини Украина дека извела ваков напад и на 5 декември. Базата е оддалечена 500 километри од руско-украинската граница.

    Руското министерство за одбрана соопшти дека дронот летал на мала височина кога бил соборен во раните утрински часови.

    Тројца војници починаа од повреди здобиени од паднатите остатоци“, додаде министерството.

    Гувернерот на Саратов кажа дека немало закани по соседниот град Енгелс.

    Русија наводно ја користи воздушната база Енгелс за да изведува ракетни напади на Украина. Кремљ и досега ја обвинуваше Украина за напади на руската територија, но нападите од овој месец се случија на голема оддалеченост од границата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира