БЕЛОРУСИЈА ТВРДИ ДЕКА УКРАИНСКИ ПРОЕКТИЛ ПАДНАЛ НА НЕЈЗИНА ТЕРИТОРИЈА

    БЕЛОРУСИЈА ТВРДИ ДЕКА УКРАИНСКИ ПРОЕКТИЛ ПАДНАЛ НА НЕЈЗИНА ТЕРИТОРИЈАУкраинската војска соборила 54 од испуканите 69 проектили денеска (Фото: Гети)

    Белоруската новинска агенција „Белта“ објави дека украински проектил „С-300“ паднал на територијата на Белорусија за време на денешниот руски ракетен напад на Украина. Министерството за одбрана на Белорусија истражува дали белоруската противвоздушна одбрана го соборила проектилот или тој случајно паднал.

    Инцидентот се случил меѓу десет и 11 часот, во времето кога Русија изведе нов ракетен напад на Украина. Украинската војска соопшти дека притоа биле соборени 54 од испуканите 69 проектили. Нема потврда дека има загинати во денешниот напад.

    „Белта“ кажа дека проектилот долетал од украинската територија и дека паднал на земјоделска површина, при што нема информации дали има жртви и штети.

    Киев досега ги користеше системите „С-300“ за да пресретнува руски проектили, додека Русија со нив гаѓаше и цели на копно.

    Сличен инцидент се случи и минатиот месец, кога проектил од украинската противвоздушна одбрана падна во Полска, при што загинаа две лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира