ПОЧИНА РУЏЕРО ДЕОДАТО, РЕЖИСЕРОТ НА ОЗЛОГЛАСЕНИОТ ХОРОР „КАНИБАЛСКИ ХОЛОКАУСТ“, КОЈ БЕШЕ ЗАБРАНЕТ ВО НАД 50 ДРЖАВИ

    ПОЧИНА РУЏЕРО ДЕОДАТО, РЕЖИСЕРОТ НА ОЗЛОГЛАСЕНИОТ ХОРОР „КАНИБАЛСКИ ХОЛОКАУСТ“, КОЈ БЕШЕ ЗАБРАНЕТ ВО НАД 50 ДРЖАВИДеодато беше тужен за убиство на своите актери (Фото: Гети)

    Руџеро Деодато, режисерот на озлогласениот хорор „Канибалски холокауст“, почина на 83 години, објавија италијанските медиуми.

    Деодато сними 20-ина филмови во кариерата долга над пет децении и се испроба во повеќе жанрови, но остана најпознат по бруталниот хорор филм од 1980, кој беше забранет во повеќе земји, а самиот тој беше тужен за убиство на своите актери.

    Канибалски холокауст“ (Cannibal Holocaust) важи за пионерско дело на псевдодокументарниот жанр и наводно се базира на снимки пронајдени од експедицијата на филмот во амазонската џунгла. Филмот стана озлогласен по вистинското насилство врз животни, што вклучува убивање мајмуни, како и по прикажувањето на екстремно насилство и мачење.

    Набргу по неговото објавување во Италија, филмот беше запленет од локалните власти, а Деодато беше обвинет за недоличност и убиство, што беше отфрлено во 1984.

    Иако филмот беше забранет во повеќе од 50 држави, тој беше инспирација за режисери како Ели Рот, Квентин Тарантино и Оливер Стоун.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира