ПУТИН ГО ПОКАНИ ШЈИ ВО МОСКВА, КИНЕСКИОТ ЛИДЕР КАЖА ДЕКА ЌЕ ГО ЗАДРЖИ ОБЈЕКТИВНИОТ СТАВ КОН ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    ПУТИН ГО ПОКАНИ ШЈИ ВО МОСКВА, КИНЕСКИОТ ЛИДЕР КАЖА ДЕКА ЌЕ ГО ЗАДРЖИ ОБЈЕКТИВНИОТ СТАВ КОН ВОЈНАТА ВО УКРАИНАПутин и Шји разговараа преку видеоповик (Фото: АП)

    Владимир Путин го покани кинескиот лидер Шји Џинпинг во службена посета на Русија напролет, додека Москва се обидува да ги продлабочи врските со Кина среде зголемената меѓународна изолација поради војната во Украина.

    Зборувајќи со Шји преку видеоповик, Путин истакна дека односите Русија-Кина се најдобри во историјата и изрази надеж дека двете земји ќе ја прошират својата воена соработка. Без да ја спомне војната во Украина, Путин кажа дека двете земји се соочуваат со досега невидени притисок и провикации од западот.

    Ве очекуваме, драг пријателе, напролет во службена посета на Москва. Тоа на целиот свет ќе му ја покаже силината на руско-кинеските односи“, кажа Путин.

    Шји не одговори на поканата за посета, но кажа дека Кина ќе го задржи објективниот и праведен став кон војната во Украина.

    Кина досега одбиваше да ја поддржи или осуди руската инвазија. Иако го обвини западот за подгревање на тензиите во Украина, Кина не ја снабдува Русија со оружје, а нејзините компании главно се придржуваат до меѓународните санкции.

    На денешниот состанок, Шји му кажа на Путин дека Кина е подготвена да ја зголеми стратешката соработка со Русија наспроти „тешката ситуација во светот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира