Популарниот белградски сплав „Фристајлер“ потона во Сава неколку минути по полноќ, а во тој момент во објектот се наоѓаа голем број гости дојдени на новогодишна прослава, објави „Нова.рс“
Кога сплавот почна да се навалува, на присутните со микрофон им беше јавено да го напуштат објектот еден по еден. Од белградската Брза помош велат дека неколку лица се здобиле со исеченици за време на инцидентот, додека од полицијата велат дека сплавот е навреме евакуиран и нема настрадани.
Како што јавуваат белградските медиуми, сплавот и понатаму тоне.