Јавното паркирање на отворените паркиралишта во Битола поевтинува, но за сите зони се укинуваат бесплатните 15 минути паркинг. Ваква одлука донесе Советот на Општина Битола по предлог на Јавното претпријатие за паркинзи, а ќе почне да се применува од први февруари.
Од ЈП Паркинзи соопштија дека се изменува ценовникот за паркинг услуги со што голем дел од нив поевтинуваат. Промените се однесуваат на нови карти од 3 часа и намалување на дневните карти во зоните А и Б. Зона А од 55 денари за 3 часа се намалува на 40 денари. Зона Б од 40 денари за 3 часа се намалува на 30 денари. Дневна карта за А зона наместо 250 денари сега ќе чини 150, а за Б од 200 на 130 денари. Воедно, за сите јавни паркиралишта од отворен тип се укинуваат бесплатните 15 минути паркинг.
Ж. ЗДРАВКОВСКА