СЕКРЕТАРОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ГЛИГОРОВ И ВРАБОТЕН ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО СЕ КАРАЛЕ, ПЦУЕЛЕ И НАВРЕДУВАЛЕ, ВРАБОТЕНИОТ ГО ОБВИНИ ЗА МОБИНГ

    СЕКРЕТАРОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ГЛИГОРОВ И ВРАБОТЕН ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО СЕ КАРАЛЕ, ПЦУЕЛЕ И НАВРЕДУВАЛЕ, ВРАБОТЕНИОТ ГО ОБВИНИ ЗА МОБИНГГлигоров пријавил во полиција дека вработениот Симовски го нападнал, а тој тврди дека тоа не е точно оти секретарот прв почнал да го навредува. (Фото: К. Попов)

    Кавга со викање, навредување и пцуење се случила на 9 јануари меѓу секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров и вработениот во обезбедувањето на Градот Елвис Симоновски. Како што велат вработени во Градот, расправата почнала уште утрото, а продолжила и претпладнето. Ечела цела барака 3 каде што е канцеларијата на Глигоров и каде се одвивала кавгата. Се слушало викање, пцости и удари по маса, по што била повикана и полиција, а Глигоров пријавил дека Симоновски го нападнал.

    Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат случајот.

    На 9 јануари во 12.30 часот, З. Г. (52) од Скопје пријавил дека околу 8.30 часот во канцеларија во Град Скопје, каде е вработен како секретар, од страна на Е. С. (43) од Скопје, вработен како обезбедување, му биле упатени закани. Со Е. С. бил извршен разговор во полициска станица и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок“, велат од МВР.

    Симоновски вели дека не го нападнал физички Глигоров туку имале жестока кавга, бидејќи тој прв почнал да го навредува викајќи му „слепец“, „ќорав“, „ништо не работите“, и дека не е првпат оти веќе 7 месеци му врши мобинг.

    Цело Градско собрание сме под мобинг од Глигоров, работам во Градот 7 години и вака никогаш не било. Постојано ме навредува, вика ‘каде е Циганот или викнете го Циганот‘. Инцидентот се случи затоа што уште рано утрото Глигоров почна да ме навредува дека не си ја врашам работата, не сум гледал кој и како влегува, и ми нареди да не пуштам никого да влезе на работа ако задоцни и дојде после 8.30. Јас му реков да ми даде написмено и дека не може да ме навредува, бидејќи јас тука работам со години и од никого не сум имал поплаки туку напротив сум бил наградуван како вработен. По ова, Глигоров нареди од другиот ден да одам да работам како чувар на Камен мост“, вели Симоновски.

    Откако добил ваква прераспределба отишол кај Глигоров во канцеларија за, како што вели, тој да му објасни зошто тоа го направил и да му даде писмено образложение и одлука за преместување, по што настапила кавгата.

    Јас бев испровоциран од него, по што почнавме жестока кавга, имаше пцовки, но не му се заканував ниту го нападнав физички. Другиот ден бев избркан од работа без да се испочитуваат процедурите, без да се отвори дисциплинска постапка. Јас ќе тужам, а до градоначалничката Данела Арсовска доставив пријава за мобинг од Глигоров“, вели Симоновски.

    Секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров не одговори на прашањата на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто дошло до кавгата со Симоновски и за обвинувањата за мобинг.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира