РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА ГО ОСВОИЛА ГРАТЧЕТО СОЛЕДАР, ШТО БИ БИЛ НЕЈЗИН ПРВ ВОЕН УСПЕХ ОД ЛЕТОСКА

    РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА ГО ОСВОИЛА ГРАТЧЕТО СОЛЕДАР, ШТО БИ БИЛ НЕЈЗИН ПРВ ВОЕН УСПЕХ ОД ЛЕТОСКАСоледар е целосно уништен по неколкумесечните борби (Фото: Максар)

    Русија тврди дека ја презела контролата врз рударското гратче Соледар во источниот украински регион Доњецк по неколкумесечните борби, што го опиша како важен чекор во нејзината офанзива. Руското министерство за одбрана кажа дека оваа победа ќе им овозможи на руските трупи да ги пресечат украинските линии на снабдување во соседниот град Бахмут.

    Украинските власти велат дека во Соледар и натаму се водат борби, додавајќи дека во градот сè уште има над 500 цивили, од кои 15 деца.

    Воените аналитичари сметаат дека Соледар нема големо стратешко значење, зашто станува збор за мал град. Сепак, неговото освојување би бил прв воен успех за Русија од летоска.

    Американскиот Институт за проучување војна кажа дека Русите веројатно го освоиле Соледар, но не верува дека веднаш ќе бидат во можност да го опколат Бахмут.

    Битката за Соледар, кој пред војната имал 10.000 жители, ја водеа главно платениците на приватната компанија „Вагнер“, но руската војска кажа дека и нејзините единици учествувале во борбите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира