ИЗБОРОТ ИЛИ ПРОМЕНАТА НА МАТИЧЕН ЛЕКАР ЌЕ СЕ ВРШИ ЕЛЕКТРОНСКИ

    ИЗБОРОТ ИЛИ ПРОМЕНАТА НА МАТИЧЕН ЛЕКАР ЌЕ СЕ ВРШИ ЕЛЕКТРОНСКИМатичните лекари веќе ќе немаат потреба да набавуваат ИЛ-обрасци во хартиена форма. (Фото: СДК.МК)

    По реакциите на матичните лекари дека нема доволно хартиени формулари ИЛ-образец, поради што одреден број пациенти се останати без матичен доктор, Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) воведе електронски избор.  Ова е на сила од почетокот на неделава.

    „Со воведување на оваа услуга им се олеснува работата на матичните лекари, но и на осигурениците кога имаат потреба за избор или промена на матичен лекар. Со воведување на оваа услуга матичните лекари веќе ќе немаат потреба да набавуваат ИЛ-обрасци во хартиена форма бидејќи услугата ќе им биде достапна постојано во електронска форма“, велат од ФЗО .

    Со оваа новина, сите осигуреници можат да ја искористат оваа услуга при изборот, односно промената на матичниот лекар.

    „Ова е позитивен чекор во однос на нашите барања за поголем број електронски услуги, отстранување на хартиените документи. Во пракса значи дека нема да одиме до Фондот за подигнуваме ИЛ-обрасци, ќе треба осигуреникот да потпише кај матичниот лекар или телефонски да потврди дека извршил негова промена“, вели д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватна лекари на Македонија (ЗПЛМ).

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира