ДИЗАЈНЕРИТЕ СЀ ПОЧЕСТО КОРИСТАТ АЛГИ, ЛЕЌА, ЛУШПИ ОД ЈАЈЦА ЗА УРЕДУВАЊЕ ЕНТЕРИЕРИ

    ДИЗАЈНЕРИТЕ СЀ ПОЧЕСТО КОРИСТАТ АЛГИ, ЛЕЌА, ЛУШПИ ОД ЈАЈЦА ЗА УРЕДУВАЊЕ ЕНТЕРИЕРИЛустер изработен од исушени алги од дизајнерката Анкер. (Фото: АП)

    Дизајнерката и архитектка од Њујорк Нина Евардс Анкер користи алги за изработка на предмети за внатрешно уредување, како лустери и украси. Идејата ја добила додека работела на докторската дисертација за материјали и осветлување на Школата за архитектура и дизајн во Осло.

    Ламби од исушени алги. (Фото: АП)

    Сега, дизајнирала колекција со предмети како светилки и лустери насловена „Хлорофита“. Таа е една од многуте дизајнери која размислува надвор од кругот на традиционалните материјали, наоѓајќи начини да го спои дизајнот со одржливи извори.

    „За осветлувањето, ние размислуваме за црвени/портокалови алги, пердуви од одржливи извори, лушпи од ракови и смачкани морски школки, како и гума направена од остатоци од пченка“, вели таа. „За мебелот користиме органски материјали како грав, леќата и хељда за тапациран мебел, како и природна плута и бамбус“, вели Анкер.

    Четири ролни ткаенина во различни бои, веганска алтернатива на кожата направена од бодликав крушковиден кактус. Зрелите лисја на растението се берат на секои 6-8 месеци без да се оштети растението. (Фото: АП)

    Направени се огромни чекори во претворањето на рециклирани пластични шишиња и растителни влакна во материјали што можат да се користат во уредувањето на ентериерот и во модната индустрија, кои се обидуваат да се справат со негативните влијанија врз животната средина од производството на памук, загадувањето со пластика и друго.

    Лист од кактус на ткаенина која  е веганска алтернатива на кожа, направена од бодликав крушковиден кактус. Зрелите лисја на растението се берат на секои 6-8 месеци без да се оштети растението. (Фото: АП)

    Дизајн на кујнска позадина од Ени Хол, направена со мешавина од мандарина и лушпи сино јајце од птицата црвеногушка, со калено стакло. (Фото: АП)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира