Веќе трет месец јавниот превоз во Скопје е во колапс. Откако градоначалничката Данела Арсовска се скара со приватните превозници и ги раскина договорите со нив, на улиците нема доволно автобуси, на станиците се чека долго време, кога ќе дојде автобус тој е полн и не може да се влезе.
ЈСП „Скопје“ вози со редуциран возен ред, бидејќи нема доволно автобуси и возачи за да ги надополни линиите на кои со години возеа приватните превозници.
И покрај хаосот со јавниот превоз, Арсовска тврди дека на скопските улици имаавтобуси доволно и редовно.
Споделете го со нас вашето искуство и проблемите со кои сте се соочиле, за да ни помогнете во претстојното истражување за јавниот превоз во Скопје.
За да го споделите вашето искуство, пополнете го овој формулар (податоците што ќе ги внесете се доверливи и безбедни и вашата анонимност ќе биде зачувана ако така сакате):