Легендарниот порно актер Рон Џереми е прогласен за ментално неспособен за судење, откако беше обвинет за 34 случаи на сексуален напад, од кои 12 силувања.
Судот во Лос Анџелес заклучи дека 69-годишниот Џереми не е во можност да се соочи со обвинувањата зашто се наоѓа во состојба на неизлечиво неврокогнитивно нарушување. Тој е во затвор од апсењето во 2020.
Џереми, чие вистинско име е Роналд Хајат, е еден од најпознатите порноактери на сите времиња, со кариера која почна во 1970-ите. Се верува дека се појавил во стотици филмови.
Обвинителите кажаа дека тој нападнал 21 жена, кои биле на возраст од 15 до 51 година, во периодот од 1996 до 2019. Наводните напади се случиле во барови и ноќни клубови во Лос Анџелес, како и во домот на Џереми. Првпат беше обвинет во 2020, по што проговорија и други негови жртви.
„Лос Анџелес тајмс“ неодамна објави дека Џереми страда од сериозна деменција.