НА 118 ГОДИНИ ПОЧИНА СЕСТРА АНДРЕ, НАЈСТАРАТА ЛИЧНОСТ НА СВЕТОТ

    НА 118 ГОДИНИ ПОЧИНА СЕСТРА АНДРЕ, НАЈСТАРАТА ЛИЧНОСТ НА СВЕТОТЛусил Рандон најголемиот дел од животот го посветила на црквата (Фото: Гети)

    Француската калуѓерка Лусил Рандон, која се водеше како најстарата личност на светот, почина на 118 години. Рандон, која од 1944 година го носеше името Сестра Андре, починала во сон во старечки дом во Тулон.

    Родена во 1904 во јужна Франција во протестантско семејство, таа ги преживеала двете светски војни и најголемиот дел од животот го посветила на црквата и католицизмот, на кој се префрлила по крштевањето на 26 години.

    „Само добриот Господ знае“, кажа своевремено Сестра Андре кога ја прашале за тајната на долговечноста.

    Иако беше слепа и врзана за количка, таа продолжила да се грижи за стари лица, од кои некои биле далеку помлади од неа.

    „Луѓето велат дека работата убива, но мене ме одржуваше во живот и работев до мојата 108. година“, кажа во своето последно интервју, дадено во април минатата година.

    Тогаш кажа дека иако би ѝ било подобро во рајот, продолжила секојдневно да ужива во земните задоволства, како чоколадо и вино.

    Сестра Андре некое време беше најстарата личност во Европа, а во април влезе во Гинисова книга на рекорди и како најстариот човек на светот, по смртта на 119-годишната Јапонка Кане Танака. Во 2021, стана и најстарата личност која заздравила од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира